![]() |
|||
|
ПОДЕМОТ И ПАДОТ НА ИРАЧКАТА ВОЗДУХОПЛОВНА МОЌ Ирачко ВВ 1974-2003 |
|||
|
|
aвтор: Игор Божиновски |
||
|
Британците си заминуваат од Ирак Подемот и падот на ирачката воздухопловна моќ Ирачко-иранска војна (1980-1988) Крај на ирачката воена доминација |
Ирачко-иранска војна (1980-1988)Паралелно со трансформацијата на Ирак во регионална воена сила, се повеке растеше и политичкото влијание на Садам Хусеин, кој, на 16 јули 1979 година, како “природен” наследник на Ахмед Хасан ал-Бакр, конечно стана претседател на Ирак. Само неколку денови по освојувањето на власта, Садам Хусеин жестоко се пресмета со своите политички опоненти кои, за потребите на јавноста, ги обвини дека во корист на Сирија заговарале преврат и негова егзекуција. Ваквиот развој на настаните им стави крај на плановите за политичко обединување на Ирак и Сирија, и му овозможи на Садам Хусеин да ја искористи воената моќ на Ирак во правец кон изградба на позиција на доминантен “владетел” на Персискиот залив. Но, за реализација на ваквите планови на Садам Хусеин, Ирак најпрво требаше да се пресмета со Иран, каде во тоа време изби анти-Западна исламска револуција која резултираше со укинување на про-американската монархијата и со прогласување на Исламска Република. Соочен со заканата од исламскиот фундаментализам, но истовремено уживајки во премолчената поддршка од арапските земји и од САД (USA), Садам Хусеин, им нареди на своите вооружени сили да го нападнат Иран. Војната започна на 22 септември 1980 година со превентивен воздушен напад на ирачкото воено воздухопловство врз 10 ирански воени аеродроми. Акцијата насочена кон уништување на иранското воено воздухопловство доживеа целосен неуспех бидејќи, во времето на нападот, сите ирански воздухоплови се наоѓаа во своите специјални засолништа. Со развојот на ирачко-иранската војна, приоритет за воените воздухопловства на двете земји стана уништувањето на непријателските копнени сили по должината на реката Шат ел-Араб. Ефективноста на иранското воено воздухопловство, ирачките генерали ја компензираа со зачестени бомбардирања на поголемите градови во Иран, при што неретко беа користени и бомбардерите Tу-16 и Tу-22. При ваквите дејствија, ирачкото воено воздухопловство трпеше тешки загуби како резултат на храброста на иранските пилоти и на супериорноста на нивните борбени авиони F-14A Tomcat и F-4E Phantom II. “Преживеаните” ирачки борбени авиони од типот МиГ-29 беа расклопени i повлечени од употреба во 1995 година (photo: The Encyclopedia of 20th Century Air Warfare)
За цело времетраење на ирачко-иранскиот воен судир, Советскиот Сојуз и Кина непрекинато ги обновуваа и ги модернизираа капацитетите на ирачкото воено воздухопловство, кое во споменатиот период беше засилено со: 40 борбени авиони F-6 (кинеска копија на МиГ-19), над 80 борбени авиони F-7B (кинеска копија на МиГ-21), борбени авиони МиГ-23МЛ, 8 извидувачки авиони МиГ-25РБ и неколку двоседи МиГ-25РУ, 24 борбени авиони МиГ-29А (Изделие 9-12Б) |
и двоседи МиГ-29УБ, јуришни авиони Су-22М-3 и двоседи Су-22УМ-3, 45 јуришни авиони Су-25К и двоседи Су-25УБК, 24 фронтовски бомбардери од типот Су-24MK, како и со 4 кинески бомбардери од типот B-6D (копија на Tу-16). Паралелно со обновувањето и модернизацијата на ирачкото воено воздухопловство се одвиваше и модернизација на авијацијата на ирачката копнена војска која САД (USA), Германија, Шпанија, Швајцарија и Египет ја “освежија” со: 45 хеликоптери Bell Model 214ST,
30 хеликоптери Hughes 300S, 32 хеликоптери MD500D, 26 хеликоптери MD530MG, потоа 75 германски (произведени по лиценца во Шпанија) повеќенаменски хеликоптери Bo 105C и 16 германски хеликоптери BK 117B-1, 20 швајцарски тренажни авиони Pilatus PC-9 и 80 бразилски (произведени по лиценца во Египет) тренажни авиони од типот EMB-312 Tucano. Енормниот прилив на нова воздухопловна техника, во време кога Ирак се наоѓаше во жестока војна со Иран, ги принуди властите во Багдад да пристапат кон изградба на 594 зајакнати бетонски засолништа од трета генерација, работа од која најмногу профитираа југословенските, француските и белгиските градежни компании.
Со оглед на фактот што нафтената индустрија беше од витално значење за економиите на завојуваните страни, во средината на осумдесетите години на минатото столетие, крвавата ирачко-иранска војна доби нова димензија и се трансформираше во таканаречена “танкерска војна” која ја карактеризираа дејствија на воените воздухопловства насочени кон уништување на непријателските танкери и нафтените платформи во Персискиот залив. Во исчекување на испораката на ловците-бомбардери од типот Mirage F1, Ирак, за потребите на “танкерската војна”, од француската воена морнарица изнајми пет борбени авиони од типот Super Etendard и противбродски ракети од типот Exocet. Подоцна, во “танкерската војна” активно се вклучија и ирачките ловци-бомбардери Mirage F1EQ-5/6, чија убиствена моќ ја почуствуваа и САД (USA). Имено, во “несакан” инцидент, на 17 мај 1987 година, еден ирачки Mirage F1 со две противбродски ракети од типот Exocet тешко ја оштети американската фрегата USS Stark (FFG-31), и притоа уби 37 американски морнари. До крајот на војната, ирачките борбени авиони и хеликоптери лансираа вкупно 53 ракети од типот Exocet, и притоа потопија 20 а тешко оштетија 30 пловни објекти. Ирачко-иранскиот воен судир заврши на 19 јули 1988 година. Крај на ирачката воена доминација Copyright © Igor Bozinovski AirSerbia 2003. |
|
Copyright © AirSerbia
2002-2003. All rights reserved.
Slike i tekstovi sa ovog sajta se ne mogu kopirati i koristiti u bilo kom smislu
bez dozvole vlasnika.
Photos or any textual material from this site cannot be copied or used in any
manner without permission of it's rightful owners.
webmastering & webdesign: Dejan Vukmirovic