![]() |
||||
|
РАСТЕЖОТ НА ИРАЧКАТА ВОЗДУХОПЛОВНА МОЌ Ирачко ВВ 1931-1973 |
||||
|
|
aвтор: Игор Божиновски |
|||
|
Британците си заминуваат од Ирак Подемот и падот на ирачката воздухопловна моќ Ирачко-иранска војна (1980-1988) Крај на ирачката воена доминација |
Арапско-израелски војни
16. август 1966. година е ден кој во историјата ке остане забележан како еден од најсрамните денови за ирачкото воено воздухопловство. Имено, по извршените контакти и консултации со израелската разузнавачка служба Мосад, ирачкиот пилот, капетанот Мунир Родфа, пребега во Израел со својот борбен авион МиГ-21Ф-13. На тој начин, израелците, на неполна година пред големиот воен судир со арапските земји, се здобија со неповторлива можност да го проучат најсовремениот борбен авион кој во тоа време го поседуваа непријателските арапски воени воздухопловства.
Кон крајот на месец Мај 1967 година, Египет, Сирија и Јордан потпишаа договор за одбранбена соработка, согласно кој беше создадено воено воздухопловство на Обединетата Арабска Република. Соочен со опасноста да биде нападнат и уништен од своите соседи, Израел донесе одлука прв да отпочне со превентивни воздушни удари. Во зората на 5 јуни 1967 година, 120 израелски борбени авиони ги нападнаа најзначајните десет воздухопловни бази во Египет и за само три часа на земја уништија над 300 авиони на египетското воено воздухопловство, при тоа претрпувајќи загуба од само 19 борбени авиони. Истиот ден, израелското воено воздухопловство целосно го деградираше јорданското а во голем дел и сириското воено воздухопловство. Пред крајот на денот, израелците превентивно ја бомбардираа и ирачката воздухопловна база Х-3. Како одговор на израелските напади, на 6 јуни 1967 година, еден ирачки бомбардер од типот Ту-16К го бомбардираше израелскиот индустриски комплекс Натанија, по што беше соборен од израелските сили за противвоздушна одбрана. Веднаш по оваа акција на ирачкото воено воздухопловство, израелците повторно се обидоа да ја бомбардираат воздухопловната база Х-3 при што се соочија со силен отпор од ирачки и “преживеани” јордански борбени авиони од типот Hunter. При тоа, според ирачаните, биле соборени најмалку три израелски борбени авиони. Таканаречената шестдневна војна заврши со уште една голема победа за Израел. Проценките говорат дека за време на овој краток но исклучително жесток воен судир, ирачкото воено воздухопловство загубило околу 20 борбени авиони. |
Веднаш по завршувањето на шестдневната војна, Ирак иницираше програма за доопремување на сопствените воздухопловни сили со нови летала од советско производство. Испораките на советски авиони и хеликоптери особено беа интензивирани по 1972 година, кога беше потпишан советско-ирачкиот договор за 20 годишно пријателство и соработка. Овој договор му овозмози на Ирак, во предвечерјето на претстојниот арабско-израелски воен судир, да го опреми своето воено воздухопловство со: 40 борбени авиони МиГ-21МФ, 12 бомбаредери Ту-22, 11 транспортни авиони Ан-24, 10 транспортни авиони Ан-26, 16 транспортни хеликоптери Ми-6 и околу 150 транспортно-борбени хеликоптери од типот Ми-8. Дополнително, од Чехословачка почнаа да пристигнуваат и млазни двоседи-тренажери од типот L-29 Delfin.
Со цел да си ги повратат териториите загубени во текот на 1967 година, кога Израел
беше агресор, поразените и понижени арапски држави Египет и Сирија се договорија да го нападнат Израел на светиот еврејски празник Јом Кипур, на 6 октомври 1973 година. Само еден ден по почетокот на новата арапско-израелска војна, која патем речено
започна со здружен египетско-сириски напад врз Израел, во воениот судир активно се вклучи и Ирак кој со по една ескадрила борбени авиони Hunter активно ги потпомогна сириското и египетското воено воздухопловсто. Но, како по правило, и од оваа војна Израел
излезе како победник. Загубите на ирачкото воено воздухопловство изнесуваа 21 борбени авиони од типовите Hunter и
МиГ-21.
Подемот и падот на ирачката воздухопловна моќ
Copyright © Igor Bozinovski AirSerbia 2003. |
||
Copyright © AirSerbia
2002-2003. All rights reserved.
Slike i tekstovi sa ovog sajta se ne mogu kopirati i koristiti u bilo kom smislu
bez dozvole vlasnika.
Photos or any textual material from this site cannot be copied or used in any
manner without permission of it's rightful owners.
webmastering & webdesign: Dejan Vukmirovic