|
|
|
званични амблем 13-те специјализоване изложбе за националну одбрану на копну, мору и ваздуху
|
DEFENDORY INTERNATIONAL 2004
разгледница
од Атина Завршувањето на Студената војна и започнувањето на демократските процеси во земјите од источна и југо-источна Европа беше проследено со голема економска криза која резултираше со скратување на воените буџети на земјите од овој дел на Европа. Ваквите процеси особено тешко го погодија рускиот воено-индустриски комплекс поради што беше стопиран или воопшто не започна развојот на голем број програми за создавање на современа воена техника и оружје. За разлика од Русија, земјите членки на НАТО непречено го продолжија својот воено-технолошки развој. На тој начин, ривалството помеѓу воените индустрии на земјите членки на НАТО, од една страна, и Советскиот Сојуз, од друга страна, кое траеше за време на Студената војна, се трансформираше во ривалство помеѓу самите земји членки на НАТО. Како резултат на тоа, битката за освојување на светскиот пазар на воена техника и оружје продолжи да се води помеѓу САД од една страна и европските сојузници од друга страна. Во тој поглед, САД несомнено се воено-технолошки далеку понапредни од своите европски сојузници. Ова, особено се однесува на достигнувањата од областа на воздухопловната индустрија. Предноста која САД ја има пред своите сојузници особено се забележува за време на големите изложби на воена техника, каква што беше 13. Специјализирана Излозба на Конвенционални Системи за Национална Одбрана на Земја, на Море и во Воздух - Defendory International 2004 (13th Specialized Exhibition of Convencional Systems for National Defence on Land, Sea and Air - DEFENDORY INTERNATIONAL 2004) која во периодот помеѓу 5 и 9 октомври 2004 година се одржа во Центарот за изложби Пиреј (терминал Св. Никола), во пристаништето Пиреј кое се наоѓа 14 километри од центарот на Атина. Изложбата Defendory International за прв пат беше одржана во 1978 година, а годинава соодветно на колосалноста на споменатиот настан, организаторот, Грчкиот Институт за Индустриски Изложби, на многубројните домашни и странски професионални посетители им ги претстави скоро сите познати конвенционални системи кои во моментов постојат и се познати во светската јавност. Имено, присутната публика имаше можност, секојдневно, за период од седум часа (од 9 до 16 часот), на 780 изложбени позиции (таканаречени “штандови”) распоредени на површина од 60.000 м2 да се запознае со најновите достигнувања на светската воена индустрија. |
|
Кога сме веќе кај изложбата, интересно би било да се спомене дека наместо вистинско изложување на поголемите средства и системи, на Defendory International 2004 беа главно изложени голем број извонредно автентични сразмерно намалени модели на соодветните средства и системи... Но, и покрај тоа, на изненадување на многумина, фотографирањето беше најстрого забрането, забрана која, за воља на вистината, не се однесуваше на авторот на оваа репортажа. Сеуште големото воено-технолошко заостанување на западно европската воената индустрија зад САД особено е забележително во поглед на создавањето на нови борбени авион кои би одговарале на предизвиците кои со себе ги носи една современа војна која би се водела во 21 век. Имено, во недостаток на нови програми за развој на напредни борбени авиони, Велика Британија, Германија, Италија и Шпанија, на Defendory International 2004 се преставија со борбениот авион Typhoon кој за повеќе од 20 години континуиран развој се уште не е влезен во масовна оперативна употреба на воените воздухопловства на споменатите земји. Ништо подобри не беа ни французите кои на грчките домаќини уште еднаш им ја показаа својата гордост, повеќенаменските борбени авион Mirage 2000 Mk-5 и Rafale. Само за илустрација, развојот на авионот Rafale започна на почетокот на осумдесетите години, а денес, повеќе од 20 години подоцна, овој авион тукушто започна да се користи од француските воорузени сили без притоа да има најава за некоја посериозна извозна перспектива. Единствениот европски современ борбен авион кој во моментов се наога во сериско производство и веќе неколку години е во оперативна употреба е шведскиот борбен авион JAS-39 Gripen. Токму авионот Грипен се очекува да биде најголемиот конкурент на американските компании на тендерите за набавка на борбени авиони кои се актуелни или се очекува наскоро да бидат расписани во неколку источноевропски земји членки на НАТО. Сеуште големото заостанување на европската воена авио индустрија зад САД се согледува и низ фактот што САД со модернизација и понатамошен развој на своите авиони од типот Boeing F-15 Eagle, Lockheed Martin F-16 Fighting Falcon и Boeing F/A-18 Hornet, како и со новиот борбен авион Lockheed Martin/Boeing F-22 Raptor и Lockheed Martin F-35B веќе ги надмина борбените авиони на европејците кои се уште не се влезени или токушто влегуваат во масовно сериско производство. Во тој поглед, компанијата Lockheed Martin, во Атина, изврши импресивно претставување на напредната модификација на борбениот авион F-16 Fighting Falcon Block 52, најсовремен борбен авион во состав на воздушните сили на Република Грција. И додека САД предначат во развојот на нови борбени авиони, Европа се повеќе внимание посветува на развојот на својата индустрија за производство на транспортни авиони и хеликоптери. На тоа поле централно место заземаат европскиот гигант за производство на хеликоптери, компанијата Eurocopter, како и италијанските компании Aeromacchi, Alenia Aeronautica и AgustaWestland. Својот брз подем компанијата Eurocopter го демонстрираше и на Defendory International 2004, претставувајќи ја широката гама на летала меѓу кои секако најинтересни беа хеликоптерите NH-90, EC 130, EC 145, како и борбениот хеликоптер Tiger. Но, и тоа не помина без соодветен одговор од страна на американската индустријата за производство на хеликоптери. Најголемиот производител на хеликоптери во светот, американската компанија Bell Helicopter Textron во Атина се претстави со револуционерниот тилт-ротот V-22 Ospray како и со новиот борбен хеликоптер AH-1Z King Cobra. Оваа реномирана компанија изврши презентација и на повеќенаменскиот хеликоптер Bell 210/Huey II, напредна модернизација на легендарниот американски хеликоптер Bell 205/UH-1H Huey, а за кој сериозно се заинтересирани цивилните и воените структури во Грција, Бугарија, Македонија,... Битката помеѓу воздухопловните индустрии на земјите од Европската Унија и САД е особено изразена и во поглед на освојувањето на светскиот пазар на транспортни авиони за воена намена. Во таа насока, американците во Атина се претставија со последната верзија на популарниот Hercules: сеопфатно модернизираниот C-130J Super Hercules. Европејците се обидоа да одговорат на предизвикот со значително помалиот транспотен авион Alenia C-27J Spartan на чиј изложен модел беа истакнати ознаките на грчкото воено воздухопловство. Дека и во областа на воените транспортни авиони Европа бележи значително заостанување зад САД говори и фактот што европската воена индустрија воопшто нема соодветен одговор на американската програма V-22 Оспраy за транспортен авион со насочувани ротори, а воедно сериозно заостанува и во развојот на нова генерација на беспилотни летала. Во секој случај, во поглед на авијацискиот дел од Defendory International 2004, звезда на изложбата беше инзвонредно перспективната бразилска компанија Embraer која се претстави со специјализираните варијанти на својот комерцијален производ, авионот ERJ 145.
На сликата е приказано инзвонредно популарното израелско портабл беспилотно летало SkyLite, производ на компанијата RAFAEL (фото: Игор Божиновски)
|
На штандот на американската комапнија Lockheed Martin доминираше модел на борбениот авион F-16D FIghting Falcon Block 52 и тоа обоен во ознаките на грчкото воено воздухопловство (фото: Игор Божиновски)
Русите на Defendory International 2004 се претставија со својата моќна и надалеку позната артилерија. На сликата е приказан модел на повеќецевниот ракетно-лансирен систем 9K58 SMERCH во калибар 300мм
(фото: Игор Божиновски) И додека, според сите показатели, европејците сеуште сериозно заостануаваат зад САД во поиглед на развојот на воздухопловните средства и системи, сосема слободно може да се констатира дека тие успеаја во последниве десетина години да воспостават солидна рамнотежа кога станува збор за развојот на средства и системи за употреба на копно и/или на море. Во таа насока, на американските компании за производство на софистицирани ситеми (Raytheon, Lockheed Martin Corporation, L-3 Communications, Kollsman, Rockwell Collins, DRS Tactical Systems, Titan Corporation-Datron,…) на европскиот пазар веќе сериозно им конкурираат европските компании FLIR Systems, Carlzeiss Optronik, Indra Systems, Ericsson Microwave Systems, Sagem i Thales. Слична е состојбата и на пазарот на моторни и борбени возила каде американските компании AM General и Oskhosh скоро целосно им го отстапија европскиот пазар на специјализираните европски производители Daimler-Chrysler, Krauss-Maffei Wegmann, Steyr-Daimler-Puch, Man Steyr, Giat Industries, Renault, Iveco i Hellenic Vehicle Industries - ELBO. Во поглед на пешадиското вооружување, на Defendory International 2004 со својата сеопфатна програма особено се истакна германската компанија Heckler&Koch. Истовремено, на пазарот на системи за војување на море апсолутно доминираше германската компанија Blohm+Voss. Големата економска криза која во текот на првата деценија на новото столетие ја потресуваше Русија и нанесе тежок удар на воената индустрија на оваа земја, што пред ќе се одрази врз програмите за создавање на нови борбени средства и системи. Токму поради тоа, на изложбата во Грција, гордоста на руската воена индустрија беше одбранета со презентација на веќе добро познатите но секогаш атрактивни и модифицирани артилериско-ракетни системи и борбени возила. Согледувајќи дека со модернизацијата на постоечките борбени средства и системи, значително им се продолжува употребливоста и им се зголемуваат борбените можности, а притоа се трошат релативно мали финансиски средства, голем број земји обновата на своите вооружени сили ја гледаат токму во модернизирањето на постоечкиот инвентар. Ваквиот тренд особено го следат посиромашните земји кои обично се корисници на воена техника од источно производство. Од тие причини, токму модернизацијата на стари средства и системи од источно производство се разви во вносен бизнис во кој главниот збор денес сеуште го има Израел. Во последно време во модернизациони програми се поакативно се вклучуваат и други земји како што се Јужно Африканската Република и Русија. Во Атина годинава беа претставени неколку модернизациони програми, меѓу кои по својот квалитет се издвојуваа изрелската модернизација на хеликоптерите Ми-8 и Ми-24 како и јужноафриканската модернизација на хеликоптерот Ми-24. Засенети од гигантите на светската воена индустрија, своите достигнувања за време на Defendory International 2004 ги показаа и многу помали земји, но и многу големи земји чија воена индустрија сеуште го нема завземено заслуженото место во рамките на глобалниот воено-индустриски комплекс. Така Чешката Република остави добар впечаток со својот навистина современ лесен борбен авион L-159, додека Пољаците тоа го створија со својот повеќенаменски хеликоптер W-3 Sokol. На изложбата во Атина истотака беше забележано и присуство на компании од Хрватска, од Бугарија и од Србија и Црна Гора. Од сруга страна, со широка гама на производи, во Грција се претстави и кинеската компанија NORINCO, а на изненадување на многумина на Defendory International 2004 беше присутен и скоро комплетниот воено-индустриски комплекс на Исламската Република Иран. На самиот крај на оваа репортажа, за вљубеници во вооружувањето и воената техника можеби ќе биде корисна информацијата дека идната, 14-та Специјализирана Изложба на Конвенционални Системи за Национална Одбрана на Земја, на Море и во Воздух - Defendory International 2006, ќе се одржи во Пиреј во периодот помеѓу 3 и 7 октомври 2006-та година.
aутор: Игор Божиновски Copyright © AirSerbia 2004.
више фотографија са ове изложбе налази се у галерији фотографија: |
|
Copyright © AirSerbia
2004. All rights reserved. |